Традиционалниот начин на подготвување зимница отсекогаш е белег на нашето семејство. Продолжувајќи ја таа традиција, во 1997 г. ја отворивме нашата семејна фабрика за производство и преработка на зеленчук и овошје. Со тоа станавме првата фабрика од ваков тип во Македонија, лоцирана на сончевиот југ, во Гевгелија. Вистинскиот домашен вкус е тајната за квалитетот на нашите производи. ОД НАШЕТО СЕМЕЈСТВО ЗА ВАШЕТО!
За да го добиеме традиционалниот домашен вкус, внимателно ги избираме состојките што ги користиме. Свежите зеленчук и овошје, произведени исклучиво за нашите потреби, во еколошки најчистите предели во Македонија, се основата на нашиот семеен рецепт. За да не изгубиме ниту една хранлива состојка, во нашето производство не користиме смрзнати зеленчук и овошје, ниту додаваме адитиви и конзерванси. Затоа, нашите производи се 100% природни.